Жан Митрев за коронавирусот: Ние лекувавме и пациенти на 22 и 24 години со тешка форма на болеста

– Јас не сум оптимист во врска со коронавирусот. Следејќи ги сите овие параметри не само кај нас туку и во светот. И покрај тоа што желбата е да се вратиме во нормала, ја пратам добро ситуацијата во Германија, всушност нема втор бран туку има континуирано зголемување на бројките, сега после она олабавување, под притисок на многу фактори кои се животно важни, а и економијата придонесе да се олабаватсекаде мерките сепак за жал продолжува коронавирусот. И кај нас е слично, тоа го говорат бројките, а како ќе биде во септември и октомври, јас лично мислам ќе биде многу лошо, ќе се зголемат бројките на заразени и тешко болни луѓе и пациенти, порача во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал5 ТВ кардиологот Жан Митрев.

-Она што се збореше дека е болест на постари луѓе не е точно, ние лекувавме и пациенти на 22 и 24 години во тешка форма на болеста, моментално имаме син и ќерка во тешка состојба кои се лекуваат сега, сериозни се проблемите и кога ќе се комбинира атмосферата со затворени простории и поладно време, ќе почне и познатото скопско загадување ќе дојдат и другите вирусни заболувања, сезонските грипови ќе се додадат на сево ова, јас не сум баш оптимист, истакна доктор Митрев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e