Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија синоќа регистрира земјотрес во охридскиот регион. Според официјалните податоци, потресот се случил во 22 часот и 6 минути, а епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга, на околу 103 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот бил регистриран од сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, кои се одржуваат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет.

Според првичните мерења, земјотресот имал локална магнитуда од ML 2,8 според Рихтеровата скала. Иако станува збор за земјотрес со релативно мала магнитуда, тој бил почувствуван од населението.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека, според досегашните податоци, потресот бил почувствуван во Охрид и неговата поширока околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните институции продолжуваат да ја следат состојбата, а граѓаните се повикуваат да ги следат официјалните информации и препораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e