Земјоделците ги добија субвенциите за пченица – Исплатени 211.6 милиони денари

Исплатени 211.6 милиони денари кон 3.397 земјоделски стопанства за продадено или складирано производство на пченица, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм, a максималната количина на пченица која е прифатлива за финансиска поддршка е 5.000 килограми по пријавен хектар.
-Низ разговорите со производителите и откупувачите беше утврдено дека откупната цена на пченицата не ги покрива трошоците за нејзиното производство, затоа излеговме во пресрет и на наше барање ја креиравме оваа мерка со кои финансиски ги поддржуваме производителите кои ја продале произведената пченица, но и оние кои одлучиле да го складираат своето производство, вели Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e