- ШТО?
Зелена нафта = Директна помош за набавка на еуро дизел гориво за земјоделска механизација.
- КОЈ?
Повеќе од 50 000 земјоделци од сите географски региони во државата, вклучувајќи ги и сточарите и полјоделците, а од годинава и тутунарите.
- КОГА?
Мерката е иновативна и скроена по мерка на земјоделците, а за првпат е воведена во 2019 година.
- КОЛКУ?
Денес поддршката за зелена нафта достигна 100% што значи дека земјоделците добиваат целосно бесплатна нафта, иако во 2019 започна како кофинансирање кое тогаш изнесуваше 30%.
- KAKO?
Преку безготовинската зелена картичка која е персонализирана и лесна за употреба и може да се користи повеќекратно се’ до исцрпување на средствата.
- ЗОШТО?
Затоа што министерството за земјоделство е свесно дека обичниот земјоделец има многу трошоци, а трошокот за гориво, особено пред сеидбите и во текот на бербите и жетвите, е огромен товар за нив!
Слушајќи ги проблемите на терен, министерството за земјоделство наместо кофинансирање мерката ја преиначи во целосно финансирање!
Затоа што никој, никогаш претходно не мислел на решение за овој проблем на земјоделците!
Затоа што министерството за земјоделство е искрен партнер на земјоделците!