СДСМ нема отстапено од своите позиции, но сакаме да постигнеме договор и да се подготвиме, изјави потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири на вечерашното гостување во ТВ24.
„Ако се укине вонредната состојба треба да го почитуваме Законот и Уставот, односно да почнат да течат 22 дена до избори“, посочи Зеќири.
Зекири нагласи дека се отворени за дијалог и се надеваат за заеднички договор за датум.
„СДСМ сака брзи избори со учество на опозицијата и на сите други политички чинители и да ги поразиме“, истакна Зеќири.