#ЗдравоТаравари, линија за директна комуникација со министерот за здравство

Министерството за здравство од денеска воведе нова телефонска линија со која граѓаните директно можат да комуницираат на  со министерот за здравство, д-р Арбен Таравари преку мобилните апликации Viber и Whatsapp.

Почнувајќи од денес, функционира телефонската линија 071 – 349 – 999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со каква било идеја, со предлог, со пофалба, или пак за одредени неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем.

– Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство, изјави министерот Таравари.

Како што е споменато погоре, комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку Viber и Whatsapp, испратени на телефонскиот број 071 – 349 – 999.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e