Ветената минимална плата од 12 000 денари станува реалност.
Како што информираа од министерството за финансии, компаниите ќе добијат директна државна помош за да можат без проблем да ја исплаќаат минималната плата и да не се доведе до отпуштање на работници.
Директната државна помош ќе трае една година а месечно ќе изнесува 1,5 милиони евра.
Министерот за финансии денеска имаше средба со работодавачите кои изјавија дека се задоволни од планираната буџетска поддршка за нив.
Статистиката говори дека 130 000 работници земаат плата пониска од 12 000 денари или 20% од вкупниот број на вработени.