Заострени мерки за имунизација по епидемијата на морбили

По прогласување на епидемијата од морбили и низата мерки, сега нема да се врши и упис на првачиња и на деца во градинка кои нема да имаат потврда за вакционалниот статус. Според властите, целта е да се постигне нивото на имунизација.

Нема да се врши упис во прво одделение на децата кои не се вакцинирани, соопшти Министерството за здравство. Истата мерка важи и за упис на деца во градинка. Комисијата за заразни болести при министерството во минатиот месец на ниво на цела територија на државата прогласи епидемија од мали сипаници. Меѓу мерките беше и забрана за посетување на градинка на невакцинираните деца. Од министерството потсетуваат и дека вакцинирањето со МРП вакцина, како и останатите вакцини предвидени според вакциналниот календар се задолжителни.

Целиот текст на РСЕ на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e