Одложувањето на почетокот на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија ќе ја влоши и дестабилизира ситуацијата во регионот, изјави бугарската вицепремиерка, Екатерина Захариева.
Бугарија го поддржува почетокот на разговорите и нивно одложување за март следната година ќе претставува огромна грешка, оцени Захариева.