Заев: Земјоделците мора да го имаат местото кое го заслужуваат!

Производството на храна е приоритет! Земјоделците мора да го имаат местото коешто го заслужуваат. – порача премиерот Зоран Заев на својот Фб профил откако денеска беш во село Кравари, битолско каде ги доделија првите персонализирани платежни картички за набавка исклучиво на „Еуродизел” гориво за земјоделска механизација, со кои државата субвенционира 30 проценти од трошокот за гориво, со цел да се поттикнат и да им се помогне на земјоделските производители да го окрупнат своето производство.

„До сега исплативме 300 милиони евра субвенции, инвестиравме 70 милиони евра во системи за наводнување, започнуваме капитални инвестиции во изграба на ладилници, а полека го решаваме и прашањето за пласманот. За оваа Влада – земјоделското производство е приоритет.“ – рече Заев.
„200 милиони денари се враќаат назад за земјоделците. Државата ќе покрие 30% од трошоците за гориво за земјоделска механизација, со што се намалуваат трошоците за производство и се зголемува заработката за земјоделците.Продолжуваме да ги слушаме потребите на земјоделците, со цел зголемување на производството на македонски квалитетни земјоделски производи.“ – порача премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e