Заев за ВМРО-ДПМНЕ: Ќе си поседат во опозиција уште бајаги време а со нив и Силјановска

-Нашите фалш патриоти на чело со Мицкоски а со логистика од дегустаторот на гулаш од Будимпешта, со блеферска офанзива се обидуваат да го изманипулираат нашиот народ користејки ги нивните испробани методи на спинови и на лажни вести за да прикажат дека татковината ги изгубила своите белези.  Жално е што по нивниот ум таптисала и госпоѓа Гордана Силјановска-Давкова, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Штип.

-Наспроти сите нивни тврдења, вистината вели дека името на нашата држава не е Република Северна Тунгузија, туку Република Северна М А К Е Д О Н И Ј А.  Во Штип и во целата земја и натаму ќе се пеат македонски стари песни, за Дончо штипјанчето и Ленка Пингова, а на Макфест и натаму ќе се пеат нови песни на македонски јазик, ќе ги пеат и македонци и сите наши националности. Во Домот на културата Ацо Шопов и натаму ќе се играат претстави на македонски јазик а во уметничката галерија Безистен ќе се поставуваат изложби на македонски автори. Во штипските основни и средни училишта и на Универзитетот Гоце Делчев и понатаму ќе се одвива настава на македонски јазик, поинаку е само во главите во кои е вграден чип на кој што пишува ВМРО-ДПМНЕ. Го валкаат името на ВМРО. Затоа со лаги и со вакви опашки никаде не водат, ќе си поседат во опозиција уште бајаги време, а со нив и госпоѓа Силјановска, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e