„Постигнавме Договор со Бугарија, и кога требаше да испорача ЕУ, таа не го стори тоа, и ова е најголем пораз за Европа. Треба да продолжиме да правиме напори, во духот на градење пријателство, дијалог, не конфликти. Мене ми паѓа многу тешко, затоа што верувам дека тоа не е желба на бугарскиот народ, туку на политика пред изборите во Бугарија. Но, еве, да дадеме шанса до декември.“, рече Заев во „Клик Плус“ на ТВ 21.
Заев рече дека ова е најголемиот пораз за ЕУ, и дека разочаран од одлуката.