Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на СДСМ. Љупчо Николовски нема повеќе да биде министер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој е еден од поуспешните министри во нашата Влада. Тоа го знаат граѓаните со сите реформи, со сите мерки со сите повисоки цели во земјоделието, новите пласмани кои што ги отворивме, рече Заев по завршувањето на Централниот одбор на партијата.
Сето ова што се случи во овие две години јас можам да кажам дека сум горд што имав таков член на Владата и во мојот кабинет и му благодарам на Љупчо што служеше на оваа функција, на граѓаните. Прави еден чекор назад, се враќа назад во партијата, за да може да помогне, оваа партија и во иднина биде победничка партија и да биде нешто за кое што граѓаните ќе мислат и ќе веруваат дека ќе продолжи да ги извршува и исполнува нивните очекувања кои што и тоа како се со право големи а граѓаните ги очекуваат прво од најголемата политичка партија , па од сите други.
На Љупчо му посакувам многу успех, силна посветеност и бескомпромисност, кога е во прашање интересот на граѓаните.
Љупчо, сега време е целокупниот потенцијал на партијата на добро организиран начин да го ставиме во служба на интересите на граѓаните. Ќе ја има мојата поддршка и поддршката на сите твои социјалдемократи, а верувам и на сите граѓани. Навистина од СДСМ да направиме уште подобра партија за да и бидеме повеќе корисни и од поголема полза на граѓаните за кои функционираме и постоиме, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.