Заев за „Албанец премиер“: Уцени не прифаќаме без оглед каква е цената

За нас сите граѓани се исти. Лично мислам дека е здраво и за државата и за ДУИ да поминат во опозиција по 17 власт – рече вечерва во интервју за ТВ Телма лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Треба да работиме дома. Следниот период имаме работа дома во економијата, образованието, здравството… Полесно ќе биде ако ДУИ е во опозиција, појасни Заев.

Заев рече дека како коалиција со ДУИ досега оствариле заеднички цели и таргети бидејќи се донеле, како што рече историски одлуки и реформи, условот за ЕУ…

Слабостите ги признаваме и нашите и туѓите. Се отворија процеси и против СДСМ и против ДУИ, дури имаше и пресуди. – рече Заев.

Во име на транспарентноста и отчетноста кои ги поставивме, времето кое е пред нас нема да трпи бавни реформи. Граѓаните очекуваат брзи ефекти, мобилизација на успешноста на реформите во правосудтсвото…- порача Заев.

На прашањето за „црвената линија“ на ДУИ за Албанец кандидат Заев вели:

Сум докажал дека немам предрасуди за кандидат од било која етничка припадност за било која функција . Не одлучуваат ДУИ, граѓаните одлучуваат. Уцени не прифаќаме без оглед каква е цената. Алијанса за Албанците и Алтернатива како коалиција се сериозна опција, да видиме малите политички партии, колку мандата ние ќе добиеме, рече Заев порачувајќи дека остава простор граѓаните да го дадат легимитетот и капацитетот за тоа кој ќе биде мандатор, министер, парламентарно мнозин. Заев, како што рече, национал-популизмот е со завршено минато време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e