Заев: За 4,8 % е намалена невработеноста во изминатите две години

„Задоволство ми е да соопштам дека растот на бруто домашниот производ во првиот квартал изнесува 4,1 %, што е највисокиот квартален износ во последните две години. Математички прецизно – има разлика: Разликата од пред две години е 4,1%. Очекуваме разликата да се зголемува, зашто во вториот квартал стапката на раст на бруто-домашниот производ во 2017 година беше -1,8%. Со оваа изразита разлика паѓаат во вода вчерашните небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека нема напредок во економијата. Податоците ги демантираат сите нивни лажни и драматични информации“, рече на денешната прес конференција, премиерот Заев.

Тој додаде дека оваа бројка е силен показател за исправноста на сите економски политики и програми кои се во насока на креирање на силна економија која отвора шанса за сите наши граѓани.

„Денес Државниот завод за статистика соопшти дека невработеноста во првиот квартал е 17,8 %. Ако се земе во споредба со вториот квартал од 2017 година, кога невработеноста беше 22,6, кога Владата започна со работа, тоа значи намалување на невработеноста од 4,8 % во изминатите две години. Да бидам попрецизен тоа се 49.522 нови вработувања.  Само во еден квартал имаме пад од 1,6% или 17.600 нови работни места“, посочи премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e