Заев во кумановската населба Средорек: Урбанизација и нова комунална инфраструктура по повеќе од 100 години

Задоволство ми беше да ја посетам кумановската населба Средорек, вчера по чествувањето на 11 Октомври, и да се уверам во големите градежни зафати кои се завршени во оваа населба, напиша премиерот Заев во објава на својот Фејсбук профил.
-Повеќе од 100 години во оваа населба не била направена никаква урбанизација, ниту реконструкција. За краток рок општината обезбеди нова комунална инфраструктура која е од големо значење за жителите на населбата.Со овие проекти локалната власт во Куманово ја демонстрира грижата за секој дел, за секоја населба од својата општина и грижата за сите граѓани. Завршените работи на канализационата мрежа во Средорек, како и работата на асфалтирањето на улиците се придонес за поквалитетен живот и секојдневие на локалните жители. Во Куманово и во поширокиот регион, во полн ек е градежната офанзива на различни капитални инфраструктурни проекти. – нагласи премиерот.

Градиме држава која е праведна за сите, на темелите на социјална сигурност, стабилност и развојна економија, за иднина и просперитет во заедницата на Европската Унија. – порача Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e