Заев – Стерјовски: Пријателствата меѓу државите и евроатлантските интеграции се шанса за перспективи

Премиерот Зоран Заев и првиот пратеник на македонското малцинство во Албанија, Васил Стерјовски денеска констатираа дека перспективите на Република Северна Македонија и Република Албанија се во ЕУ и во НАТО.

Тие сметаат дека евроатлантскиот пат нема други алтернативи за земјите од регионот, бидејќи само на тој начин се можни вистински демократски слободи и права на граѓаните во државите и економски и културен развој согласно европските вредности.

На средбата заедничка беше и оценката дека добрите пријателски односи меѓу двете земји отворија можности за надминување на повеќе наследени состојби од минатото и шанси за ефикасно работење на гранични премини, подобрување на инфраструктурата и образовни унапредувања во местата каде што живеат граѓани од македонското национално малцинство во Албанија.

Стерјовски, кој од скоро е и нов претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, партијата на македонското национално малцинство во Албанија, се заблагодари за поддршката на премиерот Заев и на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e