На граѓанската трибина вечерва во Шуто Оризари се обратија претседателот на СДСМ, Зоран Заев, носителите на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска и кандидатите за пратеници од оваа изборна едниница, Љатифе Шикоска и Ферат Асан.
„Нема да застанеме додека квалитетот на живот на Ромите не биде ист со квалитетот на живот со сите други граѓани во нашата држава. Во сплотеноста е силата “ порача претседателот Заев посочувајки на едниството на сите етнички заедници денес, што го градиме преку концептот Едно општество за сите.
„Посебен буџет ќе има за ромската заедница, за да може квалитетот на живот да го покренеме, државата мора да биде мајка на сите“, рече претседателот Заев кој зборуваше и за еднакви шанси за вработувања Роми во администрацијата, решенија на неопределено време за вработени Роми, вложувања во капитални инвестиции во општината.
Претседателот Заев посочи дека по сите потценувања кон граѓаните Роми, режимската ВМРО-ДПМНЕ нема право да го бара нивниот глас.
Тој најави и повисока социјална помош и покачување на платите.
„Знам што значи давање плата, што значи менаџмент, водев општина, водев фирми. Дадов збор ќе носиме одлуки – носевме одлуки, ќе покачиме социјална помош, плати – покачивме, ќе бидеме еднакви – единствени сме и ова е нашата татковина еднакво на сите.
Северна Македонија ќе ја направиме и економски тигар на Балканот“, најави претседателот Заев.
Тој направи разлика со неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие калкулираа, ние носевме одлкуки. Бидете горди имаме држава признаена од целиот свет. Секоја мајка, Македнока, Ромка, Албанка денес знае дека децата нема да ги испрааќа во војна. Ако некој се чепка со Македонија, се чепка со САД или со другите земји членки на НАТО“, рече претседателот Заев.
Тој најави укинување на 7-те министерски места без ресор и нивна трансформација во агенции и директорати и уште поголема отчетност пред граѓаните, а за ДУИ рече дека поради начинот на којшто владеат ќе мора да заминат во опозиција.
„Секој излезен е глас – влог во татковината“, порача претседателот на СДСМ, Заев.
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина вечерава во Шуто Оризари порача дека ова е трибина во очи големата победата на иднината на нашата земја на 15 јули.
„Вложувавме во инфраструктурата во секоја општина, се вложувавме во секој човек. `Се што беше најголем проблем во време на режимот е решен денес или е во фаза на решавање. Градевме патишта, улици, водоводи, канализации, една од најубавите градинки е овде во Шуто Оризари.
Нашите противници се истите од времето на режимот. Го имаме Груевски на политичката сцена обновен во Мицкоски. Мисајловски една шајка не закова во неговата општина, ние денес ги решаваме проблемите во сите општини.
Денес сите сме исти и сите сме едно. Наместо да рушиме, градиме.
Многу работевме да го јакнеме концептот што го постави претседателот Заев за Едно општество за сите и покажавме дека секој заслужува иста шанса да работи, да се образува, да живее, заедно да ја градиме иднината на нашата земја. Направивме храбри одлуки и само за три години РСМ стана члека на НАТО и ги отвивме перспективите за ЕУ. Требаше да имаме поддршка и таа поддршка ја црпевме од сите вас, благодариме“, рече Спасовски.
Тој констатираше дека граѓаните Роми покажале дека се прогресивни, вградувајки се во европска Македонија, како што се вградија во независноста на нашата држава.
„Мора да донесеме важна одлука на овие избори, Македонија да продолжи напред со економијата, со подобар животен стандард, повисоки плати, социјална помош, пензии. Режимот не смееме да се врати. Нема да дозволиме влечење за уши. Ќе ги пратиме во опозиција да се обноват. Масовно да излеземе на избори и уште од пладне да ја најавиме победата на 15 јули“ повика Спасовски во Шуто Оризари.
Носителката на листа, Лукаревска најави дека гласаме за број 3, во среда, за среќно и во иднина.
„Ветивме и реализиравме, сакавме и направивме. Нашата Програма е реална и оствралива, ја правевме со вас граѓаните. Секогаш сме на страната на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е на страната на уцени, закани, манипулации. Нашата страна се повисоки плати и пензии, пад на невработеноста, да ги задржиме младите во државата. Минималната плата ќе ја покачиме до 20.000 денари. Просечната плата ќе ја покачиме до 14.000 денари. Ќе се бориме просечната пензија да биде над 18.000 денари. За младите кои сакаат да развијат сопствен бизнис, го развиваме младинското претприемништво со грантови за младите од 5.000 до 15.000 денари. Една од моите најдобри другарки е Ромка, но не сум ѝ рекла дека ќе ја “влечам за уши“ да гласа. Нашите празници се и Велигден и Бајрам и Ѓурѓовден и Божиќ. Ние ќе продолжиме да се заложуваме за родова еднаквост, 50-50 како што покажавме дека можеме, со поддршка од претседателот Заев и нашите колеги. Во тоа е разликата“ посочи Лукаревска.
Кандидатите за пратеници Асан и Шикоска најавија поддршка од граѓаните Роми за СДСМ и коалицијата Можеме.
„На сите жени, мајки, девојки тука, им порачувам дека и ние можеме да бидеме наставнички, докторки, пратенички. Јас сум доказ, жена Ромка, кандидатка за пратеничка, за искрената намера за изградба Едно општетство за сите. Ромската заедница ја има надежта во нас. Веруваат затоа што земаат минимална плата од 14.500 денари, земаат социјална пензија, згрижени се семејствата од Кале, луѓето можат да извадат документи, веруваат затоа што гледаат асфалтирани улици, за прв пат одредени населби добија вода за пиење. Ромскиот народ знае дека со СДСМ можеме уште повеќе и уште подобро“, му се обрати на претседателот Заев, кандидатката за пратеничка Шикоска, која посочи дека сите ромски лидери се таму и повика на гласање и заокружување на бројот 3.
„Ромите се обединети како никогаш порано. СДСМ во последните три години многу направи. Ја зголемија минималната плата, но и социјалната помош ја зголемија за 300 проценти. Бевме понижени претходно со 2.400 денари. Сега земаме над 11.000 денари социјална помош, живееме подобро. Другите “влечат за уши“. На нас Ромите ни оставија лузни на срцето. А ние сме весел и мирен народ, сакаме правда, ја сакаме својата татковина. Во нивното мало срце нема место за други националности, но нашето срце е големо. Овој човек има големо срце, може да ги собере сите Роми внатре. Затоа ги сакаме овие луѓе, затоа што и тие нас не сакаат. СДСМ го обединува народот, не прави раздор. Никогаш во историја не сме имале 4-ца кандидати Роми за пратеници. Ромскиот народ сака сигурност, сака во НАТО и во ЕУ. Затоа низ целата држава, Ромите ќе гласаат за СДСМ и бројот 3“ порача Асан на граѓанската трибина на коалицијата Можеме во Шуто Оризари.