Сакам да ве информирам дека резултатот од извршениот тест за КОВИД-19 е негативен, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Согласно утврдените протоколи останувам во самоизолација онолку колку што е потребно.
Им благодарам на граѓаните, на сите, за поддршката што денеска стигнуваше од целата држава, но и од странство.
На уредникот на Канал 5 Гоце Михајлоски му посакувам брзо закрепнување, нему и на неговото семејство.
Воедно упатувам силна поддршка до новинарите и медиумските работници кои во овој период се изложени на ризик вршејќи ја својата работа за навремено и точно информирање на јавноста што е од огромно значење.
Граѓаните, сите ние мора да ги почитуваме мерките и задолженијата. Да седиме дома, да ја зголемиме личната хигиена и да ги намалиме физичките контакти. Само така оваа закана ќе ја пребродиме и полесно и побрзо. Зависи од сите нас.
Чувајте се и следете ги препораките“, истакна Заев.
