Заев: Социјална пензија ќе добијат лицата со наполнети 65 години а кои немаат стаж

– Почитувани штипјани, помина на комисија новиот пакет на закони од социјалната заштина. Во мај ќе дојде нов претседател и ќе го потпише новиот закон. Со новиот пакет имаме пример на солидарност и социјална правда во државата. Се носи социјална пензија во износ од 40% од просечната пензија за секое возрасно лице кое што наполнило 65 години старост а нема стаж, затоа што државата мора да води грижа за својот народ кој што плаќал даноци во оваа држава и мора да му обезбедиме достоинствен живот на нашиот родител до крајот на животот, рече Заев на митингот во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e