Заев: Сите граѓани да го дадеме својот придонес – да ги почитуваме мерките, да помогнеме

Здравствните власти од почетокот на пандемијата носат издржани одлуки, врз основа на фактичката состојба и експертиза. Видовме дека сите мерки досега дадоа резултати. Треба да продолжиме да веруваме во нивната способност за заштита на јавното здравје, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот ФБ профил.

Овој бран на вирусот е многу различен. Имаше доволно време да се набави потребната опрема, здравствените институции се подготвени. Здравствените работници стекнаа искуство за препознавање и третман на вирусот, констатира Заев.

Останува секој од нас, сите граѓани да го дадеме својот придонес. Да ги почитуваме мерките, да помогнеме.- упати апел лидерот на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e