Заев: Северна Македонија прва во регионот по транспарентност

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека Северна Македонија е прва во регионот по транспарентност.

„Претходните сѐ криеа, а сега сѐ е јавно. А, кога сѐ е јавно, корупцијата не се исплати.

Исправните политики на отвореност се потврдени, повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот.

Владата на Груевски донесе заробена држава, последна по транспарентност во 2016 година во регионот.

Со политичка волја, со одлучност, посветена работа и одговорност еве не веќе неколку години на првото место, посочени како единствениот позитивен пример во регионот.

Македонија освои рекордни 83,43% во доменот на транспарентноста, според поставените критериуми.

Она што е за одбележување е дека водечка позиција во регионот имаат и министерствата на Владата со освоени 62% од поставените критериуми.

Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата.“, напиша Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e