Заев се сретна со новоименуваниот јапонски амбасадор: Можности за унапредување на билатералната соработка

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со Хиронори Савада, новоименуваниот амбасадор на Јапонија во државава, на која амбасадорот упатил честитки за справувањето на Владата со здравствената ситуација во земјава, како и успешните чекори со коишто нашата држава стана членка на НАТО и придонесува кон отворањето на перспективите кон ЕУ.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата било посочено дека Јапонија ги поддржува евроинтеграциите на Северна Македонија.

Премиерот Заев се заблагодарил на амбасадорот Савада за помошта од Јапонија во медицинска опрема и лекови за нашата држава, како и поддршката на економски и политички план. Заеднички е констатирано дека има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување, се додава во соопштението.
На средбата се најавени заложби за поголем број инвестиции од јапонски компании во земјава. Изразена е определба од Јапонија и за силна поддршка во делот на економијата и социјалата.

-Работиме на развивање на економијата и создавање на услови за нејзин раст и развој по смирувањето на пандемијата, а во меѓувреме сме посветени да ги поддржиме работниците и стопанството. Посветени сме и на напредокот во евроинтеграциите. Многу ни значат искрените пријателства како ова со Јапонија и наша определба исто така е да ја развиваме меѓусебната соработката во сите области, рече премиерот Заев.

На состанокот е разговарано за унапредување на соработката и во инфраструктурата, енергијата, транспортот, дигиталниот сектор помеѓу Република Северна Македонија и Јапонија, што во рамките на стратешкото партнерство со ЕУ, соработува на овој план со Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e