Лидерот на СДСМ Зоран Заев, по победата на изборите на 15.јули, неколкуте слободни денови ги минува заедно со сопругата Зорица во преубавото Љубојно во Преспа од каде сподели неколку фотографии на социјалните мрежи.
„Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ.“ – порача Заев од Преспа.