“Одличен успех на нашата фудбалска репрезентација на натпреварот со Израел. Повторно се радува фудбалска Македонија. Горди сме на нашите играчи и ќе навиваме за нив, за уште поголеми успеси!” – напиша премиерот Заев по повод победата на Македонија над Израел на гостински терен, во натпревар од квалификациите за светското првенство во 2018 година.