Заев: Подготвени сме да го финализираме колективниот со Синдикатот на култура до крајот на годината

Подготвени сме да го направиме чекорот и да го финализираме колективниот договор со Синдикатот на култура во Република Македонија до крајот на годината, но потребно е да се направи фер распределба, нормативи, класификација, нивелирање и воедначување на соодветните работни места, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање.

-Подготвени сме да се постигне, за тоа сме проектирале и буџетски средства. Навистина се изгуби одредено време, чекавме промена на министрите, сега сме до самиот крај, верувам дека може да се постигне колективен договор, но мора да се направи фер распределба, нормативи, класификација, нивелирање и воедначување на соодветни работни места, рече Заев одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова.

СКРМ претходно денеска најави штрајк од 16. следниот месец доколку, како што соопшти во најкус можен рок не се финализираат преговорите за колективниот договор и тој не биде потпишан со обврска за негово целосно спроведување од 1 јануари следната година.

-Имаме време до крајот на годината, доколку дотогаш се усогласат сите работи, се нивелираат самите плати и се воедначат областите и профилите, согласно тежината на работата. Тогаш ќе имаме правично нормирање и самите финансиски средства да бидат исплатени во февруари, со јануарската плата, рече денеска Заев.

Нагласи дека мора да се направи нивелацијата и потоа таа да се спореди со другите структури и профили во самите министерства.

-Со колективниот договор ќе се усогласат сите други права и правата на платите, ама тука кај што не е фер ај ќе го замижиме, не смееме да го замижиме изедначувањето. Вработен во областа на културата во средно зима повиска плата од професор во средно и тоа не може да се правда, рече Заев.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e