Заев: Партиите да си ги спремат листите за кандидати за пратеници за предвремените избори на 12 април

Политичките партии да си ги спремат листите за кандидати за пратеници за предвремените Парламентарни избори на 12 април 2020 година, бидејќи целата постапка околу ратификацијата за членството во НАТО се очекува да биде завршена до 11 февруари, кога се распушта актуелниот парламентарен состав, истакна денеска премиерот Зоран Заев по денешното поставување на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип.

-Сите проекции, што ги направивме е дека останува само Шпанија, која на 10 ноември има Парламентарни избори, има закажано конституирање на Парламентот на 3 декември. Тоа значи дека го имаме цел декември, цел јануари, и десетина дена од февраури, и те како постои соодветно време да се реализира. Не сакам да испратам никаква порака до било која политичка партија и потенцијални кандидатски листи за изборите да не се подготвуваат, вели Заев.

Тој акцентираше дека 12 април е договорен датум за предвремените Парламентарни избори, а дотогаш треба да се изготват програмите, кандидатските листи и да се испорачаат пред граѓаните, коишто треба да одлучат на кој ќе му го доверат четиригодишниот мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e