Премиерот Зоран Заев и министерите за надвореши работи и за економија, Бујар Османи и Крешник Бектеши попладнево отпатуваа за Букурешт каде ќе го следат првиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.
– Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!, објави Заев на Фејсбук.
На својот дебитантски настан на еден европско првенство, македонската фудбалска селекција на „Национална арена Букурешт“ ќе игра против репрезентацијата на Австрија.
