Заев од Тетово: Реконструиравме над 30 здравствени установи, продолжуваме уште повеќе да инвестираме во здравството

Инвестицијата во Здравствениот дом во Тетово е еден од многуте примери за нашата посветеност за развој и унапредување на здравствениот систем. Обезбедени се средства за реконструкција на овие бараки, стари 50 години кои никогаш досега не биле реконструирани. По реконструкцијата предвидено е да се обнови и застарениот инвентар во службите за вакцинација и систематски прегледи.
8709DE7D-4AF8-478E-97E9-176A83FF0469-1536x1021
Ова денеска го изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев и носител на листа од Коалицијата „Можеме“ во Четвртата изборна единица.
– Во изминатите три години ги подобривме условите во над 30 јавно здравствени установи и инвестиравме во набавка на нова, современа медицинска опрема. Ги зголемивме и платите на лекарите специјалисти, на медицинските сестри, но и на помошно-техничкиот персонал во здравството. Со тоа, го подигнавме нивото на здравствената заштита за пациентите и овозможивме подобри услови за работа за нашите здравствени работници, кои денес се целосно мотивирани во борбата против коронавирусот, потенцира Заев.

1

Тој најави уште повеќе инвестиции во здравството, за уште подобар здравствен систем.
-Платите во здравството ги зголемуваме за 40 отсто до 2024 година, односно по 10 отсто секоја година. 33 милиони евра вложуваме во одделенијата за интензивна нега, за нивна модернизација и набавка на современа опрема. Овде во Тетово, набавуваме современа медицинска опрема за потребите на Ургентниот центар. Набавуваме и нови 70 возила за итната медицинска помош. Нема компромиси во заштитата на јавното здравје, изјави Заев.

0C464A10-30B3-40CA-BEE9-6F0DDDCBBDC4-1536x1021
Заев нагласи дека ќе продолжат да инвестираат во здравството, да ги подобруваат условите за работа и да ја унапредуваат здравствената заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e