Заев од Атина: Помпео е голем поддржувач на Македонија

Поранешниот премиеро Зоран Заев вечерва информира дека на конференцијата на Економист во Атина имал средба со Мајк Помпео, поранешниот државен секретар на САД.

-Помпео е голем поддржувач на Северна Македонија и на македонскиот народ кој во клучниот период пред нашето зачленување во НАТО даде голем придонес за успешно заокружување на овој наш стратешки и безбедносен приоритет. Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години. Соработката со развиените безбедносни системи на земји како САД и Израел се од огромно значење и за НАТО алијансата и за Северна Македонија, истакна Заев.

Поранешниот премиер појасни дека со министерот за одбрана на Израел Бени Ганц се согласиле дека европската интеграција на Северна Македонија во овие моменти на воена инвазија врз територијата на Европа е клучна за стабилноста на Балканот.

На конференцијата во Атина, покрај Заев присуствува и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e