Заев: Ниту сме имале намера, ниту сме вршеле разузнавачки активности против која било соседна земја

„Владата во Скопје никогаш ниту имала намера, ниту дала упатства за вршење какви било разузнавачки активности против која било соседна земја, вклучувајќи ја и Србија. Без никакви неинформирани или прерани заклучоци, го почитуваме и поддржуваме повикот на официјален Белград да ги заштитиме билатералните односи на Србија и Македонија и да воспоставиме стандарден кодекс на однесување. Се надевам дека во разговорот (денес на пладне) со претседателот Александар Вучиќ ќе ги решиме сите евентуални недоразбирања – вели за српски “Блиц“, премиерот Зоран Заев.

– Да бидам јасен, во нашата политика нема стратегија и политика на штета на Србија. Ние сме посветени на одржување и продолжување на работата за зајакнување на билатералните односи со нашиот сосед, Република Србија. Нашиот пристап кон надворешната политика се базира на политиката на отворени врати на директен дијалог и добра волја која ќе ги реши проблемите, наместо да ги создава. Ние веруваме дека тоа е најефективниот начин на градење на добрососедски односи, соработка и партнерство – вели македонскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e