Заев и Николовски изразија сочуство за жртвите од земјотресот во Турција

Премиерот Зоран Заев вечерва на Твитер изрази сочуство за жртвите од земјотресот што го погоди реонот на турскиот град Измир.

– Вознемирувачки се сликите што пристигнуваат по големиот земјотрес во Измир, Турција. Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, упатувам најискрено сочувство до фамилиите на жртвите и повредените. Се надеваме на брзо закрепнување од последиците, наведува Заев во објавата напишана на македонски и на турски јазик. – напиша Заев.

Сочувство изрази и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски:
-Крајно немили глетки од она што му се случи на градот Измир.Како Македонци знаеме што значи разорен земјотрес. Затоа сега се молиме за добро на сите оние чиј живот се промени и веќе нема да биде ист.Сочувство за загубите до турскиот и грчкиот народ. Нашите мисли и молитви се со нив. – напиша Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e