Јас лично верувам дека ќе се избориме против корупцијата. Но, не сум волшебник, не можам сам, потребни сте сите вие. Новинарите, инспекциските служби, пониските ешалони, Антикорупциска, Јавното обвинителство… сите треба да бидат вклучени, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното издание на „Отворено студио“ на МРТВ,
Ние можеме да бидеме добар пример да ја искорениме корупцијата во институциите под извршната власт. Јас го пријавив „Рекет“, изгубив многу како искусен политичар, но тоа беше единствено изправно. Големо зло на Балканот најповеќе, нотира Заев за корупцијата.
Тој одговарајќи на новинарско прашање за „недопирливоста“ на ДУИ рече дека средбите меѓу генералните секретари на СДСМ и ДУИ не биле само за премиер Албанец, туку токму на истите се разгледувале насоките за заедничко делување против корупцијата.