Очигледно дека треба да има позасилени контроли и повидливи резултати од санкционирањето. Мое очекување од сите надлежни по хиерахија е комплетно целосно постапување, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното издание на „Отворено студио“ на МРТВ, одговарајќи на прашањето за текот на санкционирањето на прекршителите на мерките за превенција од вирусот.
Никој не сака граѓаните да ги осиромаши граѓаните со казни, но кога се работи со здравјето и животот не смее да се тактизира. Ќе ги враќаме прарите кај граѓаните преку социјалн ипакети. Јавно зборувам дека очекувам санкционирање на сите без оглед дали станува збор за правен субјект физичко лице кои прво не го почитуваат своето, а потоа и коелктивното здравје, потенцираше Заев.