Заев: На сите припадници на Армијата на Република Македонија им го честитам 18-ти август, денот на АРМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, преку својата фејсбук фан страна го честиташе 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија.

“На сите припадници на Армијата на Република Македонија им го честитам 18-ти август, денот на АРМ. Изразувам почит за професионалноста, посветеноста, грижата за татковината и сите нејзини граѓани. Вашиот влог и придонес во безбедноста и стабилноста на Република Македонија е влог во сигурна иднина на нашата земја. Посакувам бројни успеси во иднина и заедно да ги оствариме заложбите за подобро општество, интегрирано во НАТО и Европската унија.” – напиша Заев.

wf

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e