Синоќа, премиерот на Р.Македонија, Зоран Заев имаше работна вечера со повеќе економски и политички лидери од светот, меѓу кои и Џаред Кушнер (Сопругот на Иванка Трамп) и Кристофер Пел Лидел, советници на претседателот на САД Доналд Трамп, Ерик Шмит, директор на Аллабет, Хасан Али Кајре, премиер на Сомалија и со принцот Алберт од Монако.
– Поканата за вечерата ја добив од Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум и Џарод Коен, ЦЕО на Google Jigsaw. Ги запознав со реформите и со економските мерки, кои ги преземаме во Македонија, напиша Заев.