Минималната плата ќе биде поголема за 1.000 денари. Ваква најава испорача премиерот Зоран Заев од денешната трибина на СДСМ во Штип насловена „На прав пат“ со дополнување дека во тек се преговори за нејзина реализација.
„Ќе има поголемо покачување на минимална плата од над 1.000 денари. Придонесите за секоја покачена плата од 100 евра ќе паднат на товар на државата“, истакна Заев пред штипјани.