Заев на Националната радиотелевизија: Раст на БДП од 4,1% во последниот квартал и намалена невработеност за 4,8%

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со министерот за здравство Венко Филипче, и со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, вечерва учествуваа на Националната радиотелевизија, за да ги сумираат остварувањата на во изминатиот период во делот на секторите што ги обезбедуваат услугите за граѓаните од нивни непосреден интерес, како што се социјалната заштита, здравството, и сервисите на јавната администрација.

Во „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, вечерва и на Националната радиотелевизија, премиерот Заев како вовед во дебатата, истакна дека со внатрешна мотивација за решавање на сите слабости што ги затекнавме ја доведовме земјата пред членството во НАТО, со безусловна препорака за отворање на поглавјата со ЕУ. Испорачавме, сега треба и ЕУ да се испорача зашто сите земји членки велат дека немаат ниту една замерка за напредокот.

Во меѓувреме, истакна премиерот Заев, со силно темпо ги остваруваме економските резултати кои ја релаксираат ситуацијата дома.

„Со растот од на БДП 4,1% се создава трендот кој ќе го овозможи покачувањето на пензиите и овој основ, додека, пак, намалувањето на невработеноста од 22,6% на 17,8%, не става на вистинскиот пат да ја остваривме целта стапката на сиромаштија да биде под 16 проценти“, истакна Претседателот на Владата на РСМ Заев и додаде дека со растот на приходите и со растот економијата, ќе продолжи враќањето парите кон социјално ранливите категориии, и така создаваме нов силен потенцијал за равој на општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e