Заев му го честиташе меѓународниот успех на режисерот Горан Тренчовски за филмот „Златна петорка“

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во својот кабинет оствари средба со режисерот Горан Тренчовски и со продуцентот Дејан Милошевски.

Тренчовски го информираше премиерот за последните успеси на неговиот најнов филм „Златна петорка“ кој е добитник на првата награда на меѓународниот филмски фестивал во Мумбаи, Индија, и според нивните информации, очекуваат награда и од филмскиот фестивал во Њу Џерси во САД.

Освен овие признанија, овој македонски филм има освоено и 7 други меѓународни награди.

Премиерот Заев, ги поздрави успесите на авторската екипа на овој филм, и истакна дека нивните успеси се значаен придонес во промовирање на македонската култура преку својата уметност.

– Делата на културата треба да ги гледаме како наши деца, кои остануваат да живеат и после нас со векови – рече премиерот Заев во оваа прилика.

Претседателот на Владата на Република Македонија, во оваа прилика, истакна дека владата прави сѐ културните квалитети и капацитети со кои располага Македонија да бидат поддржани и афирмирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e