Заев: Мораме да обезбедиме правосудство кое одлучува, а не правосудство кое застарува предмети! (ВИДЕО)

Судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Овие последни упоришта на „заробената правда“, стои во пораката од претседателот на Владата, продолжија да ги контролираат судските процеси во кои беа осомничени токму протагонистите на режимот. Злоупотребувајќи ја одвоеноста на судската од извршната власт, се подвлекува,овие таканаречени Сваровски судски центри на моќ застанаа на патот на правдата.

– Ова мора да престане веднаш! Правосудството мораме да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните. Антикорупциската комисија, токму сега врши проверка на парите и имотот на сите членови на Владата, започнувајќи од мене. И тоа е сосема во ред, се вели во пораката од премиерот Заев.

Премиерот Заев ги повика Судскиот совет и Советот на обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите за застарувањето на предметите и целосно да ја проверат професионалноста и ажурноста на работата на судиите.

– Мораме да обезбедиме правосудство кое одлучува, а не правосудство кое застарува предмети! Мораме да го прочистиме судството од непрофесионалните, неажурните и корумпираните!, вели Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e