Заев до младите: На вас е да ги движите промените кои се случуваат и да делувате во интерес на иднината

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната младинска трибина изјави дека на младите луѓе е да ги движат промените кои се случуваат и да делуваат во интерес на нивната иднина и иднината на државата, како и дека они како политичари креираат таков амбиент и нема да застанат..

„Ваша е иднината и ваша е обврската да се борите за иднината ваша и на вашата земја, ние како политичари ќе продолжиме да креираме таков амбиент, позитивен. Вие прогресивните млади луѓе го знаете повеќе од било кој друг човек, прогресот е тој што движи напред. Со нашите политики сите добиваат, гледаме покачување на платите, на условите. Добиваат лекарите, војниците, администрацијата, професорите, вработените во социјалата, бизнис секторот, фирмите…Но пред се младите. Сосема се различни политиките од она што беше порано. Затоа сето ова што се случува е показател дека сме на вистинскиот пат. А вие, со вашето присуство денеска покажувате дека ова е патот, дека се борите, дека дома е најдобро! Продолжуваме по вистинскиот пат“, рече Заев.

Тој ги поканува сите да водат грижа за својата земја, и додаде дека нивното место е во отворена, солидарна Европа, да го прифатат предизвикот на нивната генерација и да се борат!

„Вашата држава ви создала се за да се борите, бидете коректив, борете се за вас младите и за вашите перспективи. Не губете време ниту шанси затоа што нема да се повтори во наредните 10 или 15 години. Сега е време кога младите кажуваат која е перпсективата на младите. Ве предизвикувам во името на иднината ваша: борете се!“, им порача Заев на младите кои во голем број денеска присуствуваат на трибината организирана од СДММ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e