Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

– Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев одговорајќи на прашање од граѓани на денешната трибина во Куманово.

„Советник бил на Груевски, работел про боно, па не работел про боно, работел за пари, па и паралелено правел конструкции за да дава дозволи за хидроцентрали и за други енергетски ресурси и од тука доааѓаат парите, 7-8 % од толку хидроцентрали се огромни пари“, истакна Заев.

Тој рече дека за сите сомневања треба да следуваат истраги а оние кои незаконски работеле да понесат одговорност.

„Правда за сите мора да има. И за хидроцентралите и за финансирањето на изборите и за незаконско работење сето тоа низ истрага транспарентно треба да се открие, ако има вклучени и од сегашната власт и тоа ќе се открие“, порача првиот човек на владејачката партија.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e