Социјалдемократксиот соуз на Македонија и нивниот кандиадат Стево Пендаровски се вечерва на граѓанска трибина во Тетово.
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев порача дека владата направила исклучителни чекори напред кон ЕУ и НАТО со потпишувањето на договорот со Грција и дека мнозинството на граѓани на референдумот се изјаснија ЗА.
Заев го спомна и Мицковски и неговото ВМРО – ДПМНЕ кои во тоа време велеа дека оние што не излегле на гласање јасно порачале дека се против договорот што всушност и нема некоја логика.
Во однос на ова, Заев, запраша ако ја следиме оваа логика, каде се овие луѓе да гласаат за Сиљановска и ВМРО – ДПМНЕ туку се 319.000 кои гласаа за опозицијата. Заев спореди дека се едвај половина од оние 609.000 кои гласаа ЗА договорот со Грција додека другите кои во септември минатата година не излегоа на гласање според него се неопределени.