Заев кон Мицкоски: Заврши времето кога вие од ВМРО-ДПМНЕ бевте и извршител и судија и обвинител

„Вие сте станале истражител, ги коментирате сите детали и од ракав тропате работи кои се далеку од секоја можна вистина. Но не е мое, ниту на нас политичарите да коментираме делови од истрагата. Помина времето кога бевме и извршител и судија и обвинител“ му кажа премиерот Заев на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на дуелот на Канал 5.

Тој додаде дека изградбата на модуларните болници е според закон и дека се спроведени сите правила и правни прописи.

„Во еден период имавме по 750 пациенти во тие модуларни болници и тие спасија животи. Да бидете толку политички ориентирани за пуста желба за власт да ја злоупотребувате оваа страшна трагедија може само вам да ви личи“ рече Заев.

Тој додаде дека е проѕирно политичкото злоупотребување на оваа трагедија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и дека граѓаните го гледаат и препознаваат тоа.

„Болниците од модуларен тип се изградени со цел да се избегне италијанско сценарио и преполнување на болниците. Ако место споменици се правеа болници претходно, немаше да има потреба од модуларни болници“ кажа премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e