Заев кон Јанушев: Ви ја разбирам фрустрацијата. Tешка е помислата дека и во наредните четири години треба да бидете опозиција

На денешната собраниска седница за избор на нова Влада, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев од собраниската говорница изнесе многу обвинувања на сметка на мандатарот и кандидатите за министри. На ова реплицираше Заев одговарајки му дека нема Топ шоп Влада туку има Дормео опозиција, поради тоа што го преспале периодот кога се донесувале крупни одлуки за државата.

“Господине Јанушев, веројатно тешка е помислата дека и во наредните четири години треба да бидете опозиција. Нема Топ шоп Влада има Дормео опозиција, затоа што преспавте кога се носеа крупни одлуки за државата. Додека се решаваа прашањата по македонците, албанците и другите помали заедници – немавте став. Додека се решаваа отворените проблеми што го истераа целиот наш народ да замине надвор од државата заглавен со проблеми со Грција, со Бугарија со сите соседи скарани, далеку од европските перспективи – преспавте, немавте став. Немавте ни тронка храброст кога требаше, без разлика на политичка кариера или перспективи да се носат одлуки за државата, нити како опозиција ниту додека бевте власт.

Огромна е фрустацијата и комплексот. Јас знам дека тоа боли, боли затоа што не е 13:7 во тројката, не е ниту 12:8. 10:9:1 е затоа што знаат и велешани, знаат и штипјани и целиот исток, која е вистината. Нема повеќе ЈСП и пари, нема повеќе Орце Камчев да ви дава пари. Доаѓа време во кое со пријатели околу нас, членка на НАТО, низ поглавјата и преговорите отвараме сериозни економски перспективи за нашиот народ, и јас знам дека тоа ве боли.

Земјата е верификувана во целиот свет, партнер на Америка и Германија. Има одлука за почеток со преговорите. 15 години чекавме за ова. Невработеноста од 24,5% ја намаливме на 16,2 %. Просечната плата е покачена за 5,500 денари. Боли, имате право за фрустрации и лични комплекси. Топло ви сугериран, променете го вашиот однос, бидете критичар но конструктивна опозиција. Немојте да се заканувате, затоа што видовме со заканите до каде дојдовте. Изгубивте на изборите. Решен е проблемот со името, решен е проблемот со Бугарија, членка на НАТО и победивме, запамтете, победивме.” – реплицира мандатарот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e