Заев: Ќе ги почекам анализите и истрагата и ќе одлучам за оставките на Филипче и Хасани

Во услови на пандемија, министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани , досега сработија многу, истакна премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 .

„Тие се справуваа со сериозен предизвик во целиот свет, што е за првпат во човештвото. Со носењето на одлуката, прво ќе констатираме како се ќе поставиме кон луѓето. Ќе ги почекам анализите и истрагата и ќе одлучам за нивните оставки. Го разбирам етичкиот и моралниот однос, но исто така ја чекам и другата одговорност, што значи континуитет на системот, одговорност за тоа што не очекува понатаму, истакна Заев.

Заев потенцираше дека никогаш не рекол дека ако има констатирано вина кај Филипче и Хасани, нема да ги прифати нивните оставки.

„Одговорноста кај мене е поголема затоа што сум и претседател на Влада, затоа што сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери, претходно изработени во фабрики, посочи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e