На прашање од граѓанин на Прилеп, до кога вработените од Комуналец, Водовод и другите јавни претпријатија ќе работат по договор преку агенција, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев одговори дека лично тој дал наредба сите времени вработувања да се трансформираат во трајни.
-Јас лично дадов наредба до државните институции а верувам тоа ќе го следат и градоначалниците, сите времени вработувања да се трансформираат на неопределено време, заради тоа што мораат работниците да бидат еднакви, со законски права и услови. Впрочем, научивме да не ги правиме истите грешки од 2002-2006г, рече Заев.