На состанокот на амбасадорско ниво КОРЕПЕР, на кој се разгледува преговарачката рамка, денеска е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија и ја имаме првата блокада. Тоа не значи дека шансите се изгубени, следуваат уште два состанока на амбасадорско ниво, по што ќе следи министерскиот состанок (ГАК) на 17 ноември, изјави денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарски прашања за ставовите на Бугарија дека нема да даде зелено светло за преговарачката рамка.
-Членот 2 од Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија кажуваат многу прецизно како Бугарија ќе ја поддржи Северна Македонија во нејзините интеграции во Европската Унија. И дефинитивно денеска е прекршен тој член. Ние ништо не прекршивме од Договорот со Бугарија, напротив имплементираме и личности и спремни сме да ги објавиме записниците досега, и навистина ова е прво непријатно чувство што ни се случува, но верувам дека е порака да се забрзаат решенијата на кои се разговара меѓу двете работни групи предводени од министерствата за надворешни работи, истакна Заев.
Според премиерот тоа е непријателски сигнал и значи оти е стопирана првата фаза во усвојувањето на преговарачката рамка на Северна Македонија за пристапување во ЕУ.
-Жалам што е испратена негативна порака, не може да се каже дека тоа е вето, но пораката е негативна, непријатна порака. Денеска јавно ги коменирам ставовите, а со тоа сакам да испратам порака и до Бугарија да бидеме паметни, немаме договор со кој сме прифатиле заедничка историја, туку заедничка историја постои за цела Европа, за цел регион, од Балкан, нека биде тоа добра подлога од која ќе се прифатат и двата современи јазици, а тоа е нашиот македонскот и бугарскиот јазик, за кој нема дилема дека од наша страна секогаш бил призаен, истакна Заев.
Потсети дека се одвиваат интензивни комуникации меѓу двете земји, посебно меѓу двете Министерства за надворешни работи, изразувајќи уверување дека ќе се изнајде решение.
Повтори оти нема да се склучува нов договор или анекс, туку се работи за појаснување што може да се даде во форма на изјава, писмена или усна, како што рече, со конечна цел да се придвижат работите.
-Ние имаме договор во кој треба да ги искористиме сите оние паметни и перспективни моменти што постојат во него, а тоа е моделот дека имаме дел во нашата историја што ни е заедичка, а дел ни е посебна, да го искористиме моделот на заедничка историја и низ заедничката истoрија да ги изнајдеме начините на она што сакаме да го утврдиме. Ако бидеме паметни, она што го потпишавме во 2017 верувам дека ќе биде одлична можност да се изнајде решение. Историските прашања треба комисиите да ги решаваат, и гледаме дека работат, оцени Заев.
Потсети дека следниот состанок на Заедничката комисија е закажан за 5 декември, а идната година следуваат уште пет состаноци.
-Убеден сум дека бугарскиот народ му мисли добро на македонскиот народ, и верувам дека бугарската Влада заедно со претседателот Радев на крајот на денот сакаат да помогнат во интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и тоа така ќе се движи. Остануваме посветени пријатели на целиот процес, заради тоа што само пријателството носи прогрес, перспективи и бенефити, за граѓаните и на Северна Македонија и на Бугарија и верувам дека во тој дух ќе продолжат и разговорите. Верувам дека и со помош на германското претседателство во декември ќе успееме да ја одржиме и првата меѓувладина конференција, истакна премиерот.
Рече дека појаснувањата што се непходни да ги дадеме се однесуваат на краткото и долгото име на државата, Република Северна Македонија и Северна Македонија дека двете се однесуваат на политичкиот субјект, на државата Северна Македонија, дека немаме територијални претензии во нашиот Устав, како и тоа дека не се мешаме во внатрешните работи на никоја земја, така и на Бугарија.
-Истовремено сме подготвени да ги преземеме сите обврски да го забрзаме Коридот 8 на железниците и затоа се случуваат и кадровските промени и склучени се и договорите и за кредити и грантови за железницата повеќе од 600 милиони евра. Експресниот пат навистина експресно се реализира на делот на спојката мешу Куманово и бугарската граница, рече Заев.
Повтори дека за идентитетот и за македонскиот јазик не преговараат држави.
– Бугарија тоа го изјаснува јасно, дека тие немаат ништо против реалноста односно ја прифаќаат реалноста за постоење на македонскиот народ и македонскиот јазик, и сакаат да зборуваме за минатото, истакна Заев. Филофозијата на Договорот од 2017 беше ние прифативме заедничка историја, тие прифатија постоење македонски народ и македонски јазик. Таму стои согласно Устав и македонскиот и бугарскиот јазик, но дефинитивно исчекорите треба да ги направиме, ако бидеме паметни низ заедничката историја која била низ вековите претставува заедничко минато и на македонскиот и на бугарскиот народ низ него се изнедриле двете нации, а истовремено се појавиле и двата современи јазици. Немаме проблем да потврдиме дека тој е кодифициран во 1945 немаме проблем да потврдиме дека од 1977 е дел од ОН и е верификуван во ОН, сето тоа е наша реалност и факти, истакна премиерот.
Подвлече дека народот треба да знае дека не се работи за преговори за нашиот идентитет и за нашиот јазик.
-Едно треба да знаеме, прашањето за идентитетот и јазикот е кислородот, не можеме ние кислородот да го дадеме. Кислородот е тој што го вдишуваме кога зборуваме македонски јазик и апсолутно тука е прашање на чувство, прашање на определба и драго ми е што Бугарија не го бара тоа. Тие тоа го признаваат како реалнст. Но секако како Македонец што зборува македонски јазик е мое право на самоопределба, истакна премиерот.
Потсети и дека Грција го призна нашето право на самоопределување и денеска за Грција сме Северна Македонија во која живеат Македонци што зборуваат македонски јазик, додавајќи оти треба да бидеме растoварени и да гледаме кон иднината, почитувајќи го минатото и тоа да користиме како основа за сите.
Во врска со телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, Заев рече ЕУ не ни слуша вакви прашања, бидејќи тоа е самоидентификација, самоопределба, тоа не е за разговор и апсолутно Унијата недвосмислено не поддржува, но таа ги носи одлуките со консензус.
-Среќен сум што германското претседателство е толку фокусирано за почеток на преговорите односно за првата меѓувладина конференција. Канцеларката Меркел е голем пријател со нас. Таа вели должност ни е да ве поддржиме и да продолжите понатаму. Направивте многу, но истовремено таа е пријател и со Бугарија и со премиерот Бојко Борисов. Германија ќе прави напори да не поддржи, да биде креативна. Веќе се одржа состанок во Берлин, верувам може да се одржи уште еден, охрабрувам такви состаноци. Меѓу нас и Бугарија останува да го решиме прашањето, секако со поддршка на министрите за надворешни работи, Меркел, претседателот Штајнмаер, да бидеме оптимисти до самиот крај, истакна Заев.