Избори мора да има час поскоро, посочо претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи. Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Не постои никаков друг правен механизам.
Време е нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието. Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со КОВИД-19.
Носителите на листи на коалицијата #Можеме во изборните единици 2, 5 и 6 денеска беа на терен. Одржаа координативни состаноци, делеа маски и разговараа со локалното население. Сите активности беа организирани и реализирани согласно протоколите на надлежните институции за заштита на јавното здравје“, истакна Заев.