Пред Централниот одбор ги презентирам принципите и вредностите на идната владина коалиција. Носиме одлука за избор на одговорни, отчетни, професионални и посветени кадри кои ќе ја имаат задачата да ги предводат институциите и да испорачаат резултати кон граѓаните, сподели лидерот на СДСМ Зоран Заев додека се одржува 16-тата седница на Централниот одбор на партијата.
Во новиот, полн мандат ќе покажеме дека може да работиме и повеќе и подобро во остварување на програмата која води напред, на вистинскиот, на европскиот пат, патот на економијата и правдата.-порача Заев.